понеделник, 22 декември 2025

Жител на Муртино приведен за одгледување марихуана

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР денеска соопштија дека по преземени мерки и активности утврдено е дека саксиите се во сопственост на Ј.П..

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Струмица и со наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Струмица, информираат од МВР, бил извршен претрес во дом и други простории кај Ј.П., при што биле пронајдени 187 семки од растение канабис сатива, 20 куршуми, барутно полнење со ознака м-49, масло од канабис, неколку стебла канабис сатива во висина од 20-25 см, петарди, метални детектори, 18 стари монети и поголема количина пари.

Ј.П. бил приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ