Како што информира собраниската прес-служба, усогласениот предлог потоа на следниот „Жан Моне“ дијалог ќе се разгледува во полн состав на работната група за учество на дијалогот „Жан Моне“ и европратениците.
Работниот викенд ќе се реализира во Маврово, ќе се почитува концептот на дијалогот „Жан Моне“ и ќе биде без присуство на медиумите, а јавноста ќе биде информирана преку соопштение од Собранието.






