вторник, 10 февруари 2026

Земјотрес од 4,9 степени почувствуван во Скопје, Тетово и поширокиот регион

Земјотрес со магнитуда од 4,9 степени според Рихтеровата скала беше регистриран вечерва во 22:05 часот, со епицентар во подрачје на Косово, во близина на границата со Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Според достапните податоци, епицентарот се наоѓа на околу 22 километри источно од Призрен и приближно 15 километри северозападно од Теарце, на длабочина од околу 5 километри. Поради плитката длабочина, земјотресот беше јасно почувствуван во Тетово, Гостивар, Полошкиот регион, како и во делови од Скопје и западна Македонија.

Граѓаните пријавуваат силно тресење проследено со звук непосредно пред ударот, што предизвика вознемиреност, но засега нема информации за поголеми материјални штети или повредени лица.

Надлежните институции ја следат состојбата и апелираат граѓаните да останат смирени, како и да ги почитуваат стандардните безбедносни препораки во случај на евентуални последователни потреси.

Се очекуваат дополнителни информации во текот на ноќта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ