недела, 15 март 2026

Земан: Војна меѓу Русија и Украина нема да има, најавите за конфликт се бламажа на ЦИА

Објавено на

часот

Сподели

„Русите не се луди да се вклучат во операција која ќе им донесе повеќе штета отколку корист. Кога станува збор за американските тајни служби, ова им е трета бламажа. Првата беше војната во Ирак, каде што не беше пронајдено оружје за масовно уништување. Втората во Авганистан кога тврдеа дека талибанците никогаш нема да го освојат Кабул. А третата е сега“, рече претседателот Земан во интервјуто објавено од чешкиот весник Млада фронта Днес.

Чешкиот претседател изјави дека не верува дека напад врз Украина нема да има поради однапред даденото предупредување од западните разузнавачки служби за плановите и можноста за агресија врз Украина.

„Мислам дека тоа е обид да се сокрие споменатата бламажа. Веста дојде од американски извори пред пет дена. И како што можете да видите, не се случи. Во секој случај, тоа беше извештај на ЦИА, а јас не се прашувам какви извори на информации има. Само врз основа на споменатите три случаи се сомневам во квалитетот на тие извори“, рече Земан.

Претседателот на Чешка, сепак, не исклучува дека навистина ќе има војна во Украина.

„Не можам да исклучам некој доста локален конфликт на границите на републиките Доњецк или Луганск. Но, тоа е нешто сосема поинакво од руска агресија против Украина. Кога ќе ме прашате зошто Западот го прави тоа, а генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вели дека Русите се подготвени и војна може да започне во секој момент, против тоа зборува повлекувањето на руските единици“, рече Земан.

За чешкиот претседател натрупувањето руски војници на границата со Украина е само воена вежба која Русите ја изведуваат на своја територија, а порача и дека генералниот секретар Столтенберг треба да поднесе оставка бидејќи НАТО се повлече од Авганистан, иако за тоа повлекување ги обвинува американските претседатели Доналд Трамп и Џозеф Бајден.

„Мислам, пред сè, ова е конфликт што го опишав како војна на зборови, а не војна на дела. И дека треба да остане на тоа ниво“, рече Земан, кој, за разлика од другите чешки функционери, се огласи за ескалацијата на тензиите со Русија дури по осум дена молк, кога во јавноста зачестија критиките дека врховниот командант на чешките вооружени сили не се огласува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ