„Затоа зборував за лудило. Ова не е најлошата одбрана на руските национални интереси. Најлошото е што Русија со оваа операција ја уништува не само Украина туку и самата себе“, рече Земан во интервјуто објавено денеска од чешкиот дневен весник „Млада фронта Днес“.
Земан призна дека се излажал во врска со рускиот претседател Владимир Путин исто како и Германците затоа што во почетокот изгледал како полудемократ, но се случило да изгуби самоконтрола со текот на годините на власт и и тој да треба да се изведе пред судот за убивање цивили во Украина.
„Секој шеф на држава ги брани националните интереси на таа земја, но за жал во овој случај агресијата не е само директен напад на Украина туку и на Русија. Да, тоа е ирационално. Пред неколку дена објавив барање дека одговорните за убиствата на цивилите во Украина треба да бидат изведени пред меѓународниот суд. И мислам дека тоа ќе се случи порано или подоцна. Сите виновници“, рече Земан, додавајќи дека и рускиот претседател треба да биде изведен пред лицето на правдата.
Земан призна дека долго време бил поборник за коректни односи со Руската Федерација.
„Меѓу другото, затоа што тие се важен снабдувач на енергија. Од друга страна, има вредности, како што се човечките животи, кои сè уште се над бизнисот. Затоа и го сменив ставот. Мојата промена почна неколку часа по руската агресија“, рече Земан.
Чешкиот претседател изјави дека војната во Украина е првенствено чин на агресија што изненади многумина и дека сега тој, како и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, се извинуваат и се каат бидејќи не очекувале Русија да ја нападне Украина.
„Во разговор со вашиот весник реков дека Русите не се луди и нема да нападнат. Тоа што нападнаа значи дека се луди. Затоа зборував за лудило“, рече Земан изразувајќи надеж дека некој вешт посредник, Кина или Израел, сепак би можел да помогне во изградбата на мост за преговори на завојуваните страни и завршување на војната.
Чешкиот претседател ги поддржа пратките на стари советски тенкови и борбени возила од чешките магацини во Украина, како и дополнително оружје, бидејќи верува дека тоа може значително да им помогне на Украинците во одбраната и прифаќањето на украинските бегалци во Чешка, а го пофали и одлучниот став на владата на премиерот Петр Фијала во украинската, кој, како што рече, ги споделува истите ставови.






