недела, 29 март 2026

Зеленски: Во Киев упаднаа групи руски саботери, сакаат да ме убијат. Каде е Западот? (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски претходно денес потпиша документ со кој се наредува мобилизација на сите воени лица и резервисти во сите украински региони. На социјалните мрежи се шират снимки кои наводно ги прикажуваат Украинците во редици за заминување во војна.

Во телевизиското обраќање украинскиот претседател кажа дека е разочаран по разговорот со западните лидери. „Не гледам никој да се бори со Украина“, кажа тој.

Кажа дека има информации дека руски диверзантски групи влегле во украинскиот главен град Киев. Во видео изјава доцна синоќа Зеленски кажа: „Според нашите информации, непријателот ме означил како мета број 1, моето семејство како мета број 2. Тие сакаат политички да ја уништат Украина со уништување на шефот на државата. Имаме информации дека непријателски диверзантски групи влегле во Киев“, кажа тој.

„Останувам во владиниот кварт заедно со другите“, додаде.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ