вторник, 31 март 2026

Зеленски: Украина мора да прифати дека нема да влезе во НАТО (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Сите ние сме мета на Русија и затоа сè ќе оди против Европа ако Украина не издржи, па би сакал да си помогнете себеси помагајќи ни нам“, порача Зеленски.

„Даваме сè од себе да набавиме млазни ловци и ракетни одбранбени системи“ кои ѝ се неопходни на земјата, додаде украинскиот претседател.

„Сакаме да има сигурни гаранции за нас, а со тоа и за вас“, кажа тој на конференцијата во Лондон, чиј домаќин беше британскиот премиер Борис Џонсон.

Присуствуваа и лидерите на Данска, Финска, Естонија, Исланд, Летонија, Литванија, Холандија, Шведска и Норвешка.

„Сè уште можеме да го сопреме убивањето на луѓето и тоа е нешто што можеме да го направиме заедно – да го сопреме уништувањето на демократијата – направете го тоа сега во нашата земја или тоа ќе дојде и кај вас“, предупреди Зеленски.

Во својот апел за помош, тој додаде дека руските пропагандисти „постојано зборуваат дека војната во Украина е само почетокот, а спомнуваат многумина од вас кои сега ме слушаат, ќе дојдат и кај вас“.

Зеленски истакна дека Украина мора да се помири дека нема да влезе во НАТО.

НАТО во моментов не размислува за воведување зона на забранети летови над Украина, порача амбасадорот на САД, додавајќи дека идејата за испорака на авиони МиГ-29 на Украина е неодржлива.

[video:https://youtu.be/LoJhSkUP-7k autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ