вторник, 31 март 2026

Зеленски: Подготвен сум да разговарам со Путин. Се заканува трета светска војна ако не успееме

Објавено на

часот

Сподели

„Подготвен сум на преговори со него. Подготвен бев последниве две години. И мислам дека без преговори не можеме да ставиме крај на оваа војна“, изјави Зеленски во ексклузивно интервју за Си-ен-ен.

„Ако постои само 1% шанса да се запре оваа војна, мислам дека треба да ја искористиме. Мора да го направиме тоа“, рече тој.

„Секојдневно губиме луѓе, невини луѓе на теренот“, додаде Зеленски.

Турција, која се обидува да посредува меѓу Москва и Киев, денеска соопшти дека Русија и Украина постигнале напредок во преговорите.

„Руските сили дојдоа да нè истребат, да нè убијат. Ние сме достоинствени, но нашето достоинство нема да ни ги спаси животите. Ние сме способни да возвратиме. Затоа мислам дека мора да го искористиме секој формат, секоја шанса да имаме можност да преговараме, можност да разговараме со Путин. Но, ако тие обиди не успеат, тоа би значело дека ова е трета светска војна“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател изјави дека Русија немаше да изврши инвазија доколку неговата земја претходно беше примена во НАТО.

„Да бевме членка на НАТО, војната немаше да започне. Би сакал да добијам безбедносни гаранции за мојата земја, за мојот народ“, изјави Зеленски за Си-ен-ен, додавајќи дека е благодарен за помошта што НАТО ја пружа од инвазијата. „Доколку членките на НАТО се подготвени да нè видат во алијансата, направете го тоа сега бидејќи луѓе умираат секојдневно“.

„Но, ако не сте подготвени да ги спасите животите на нашите луѓе, ако само сакате да нè видите како се наоѓаме во два света, ако сакате да нè видите во оваа сомнителна позиција каде што не разбираме дали можете да не прифатите или не – не можете да нè оставите во оваа ситуација, не можете да нè принудите да бидеме во оваа неизвесност“.

„Лично ги замолив да кажат директно дека ќе нè примат во НАТО за една или две или пет години, само нека го кажат тоа директно и јасно или само нека кажат „не““, рече Зеленски. „И одговорот беше многу јасен „нема да бидете членка на НАТО“, но јавно вратата ќе остане отворена“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ