среда, 1 април 2026

Зеленски одбил да го прими германскиот претседател

Објавено на

часот

Сподели

„Бев спремен на тоа. Но, очигледно морам да признаам, тоа не беше пожелно во Киев“, ги пренесува Билд зборовите на германскиот претседател.

Украинскиот извор за Билд кажал дека причината поради која Зеленски одбил средба со Штајнмаер е „фактот што има блиски односи со Русија“.

Украинскиот амбасадор во Берлин Андриј Мелник за време на викендот јасно даде до знаење дека Киев очекува посета на германскиот канцелар Олаф Шолц наместо на претседателот Штајнмаер, чија функција е главно церемонијална.

Посетата на Штајнмаер би имала главно симболичен карактер, кажа украинскиот амбасадор Мелник, кој во Германија стекна репутација поради тоа што постојано се жалеше на „малата поддршка од лидерите на Европската Унија“.

„Наместо него би требало да дојдат канцеларот или други членови на германската влада, кои би можеле да донесат конкретни одлуки за понатамошна позначителна поддршка на Украина“, кажа Мелник.

Украина од Германија бара тешко вооружување, вклучувајќи тенкови и артилерија, но тоа го блокираше канцеларот Шолц кој инсистира на заедничко дејствување на ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ