среда, 1 април 2026

Зеленски објави колку украински војници загинале во војната

Објавено на

часот

Сподели

Тој доцна синоќа ѝ се обрати на нацијата, велејќи дека е тешко да се предвиди колку долго ќе трае војната.

 „Се разбира дека и јас слушам различни предвидувања. Имам многу повеќе информации за намерите и можностите на руската армија отколку некои медиуми. За потенцијалот на руската економија, но и за емоционалната состојба на руското општество“, рече тој.

Зеленски рече дека има околу 10.000 ранети украински војници. Нема податоци за бројот на цивилни жртви, изјави украинскиот претседател. Тој истакна дека загубите на руската војска се многу поголеми и дека загинале 19-20 илјади руски војници. Москва минатиот месец објави дека 1.351 руски војници биле убиени, а 3.825 биле ранети.

Зеленски ја опиша воената ситуација на југот и на истокот на земјата како „сѐ уште многу тешка“, фалејќи ги неговите вооружени сили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ