среда, 1 април 2026

Зеленски: Макрон да ја посети Украина за да се увери дека руските сили вршат геноцид

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски прво го оцени како навредливо одбивањето на Макрон да ги означи злосторствата во Украина како геноцид.

„Разговарав со Макрон, тој сака да обезбеди Русија да се вклучи во дијалог“, рече Зеленски во интервју за Си-ен-ен, обидувајќи се да објасни зошто Макрон одбива да го користи терминот, за разлика од американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Му реков дека сакам да разбере дека ова не е војна, дека тоа не е ништо друго освен геноцид. Го поканив да дојде кога ќе има можност. Тој ќе дојде да види и сигурен сум дека ќе разбере “, рече Зеленски.

Емануел Макрон, кој води кампања за вториот круг од претседателските избори во Франција, неодамна изјави дека злосторствата во една земја треба да бидат означени како геноцид од правосудството, а не од политичарите.

Тој додаде дека влегувањето во „вербална тензија“ нема да и помогне на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ