Зеленски во видео обраќањето кажа дека Украинците треба да бидат горди што „преживеале 50 дена под руски напад“ кога Русија, како што наведе, „им давала најмногу пет“.
Додаде дека тогаш дури и пријателски настроените лидери му предлагале да ја напушти Украина, но дека, како што наведе, „не знаеле колку се Украинците храбри, колку ја ценат слободата и можноста да живеат онака како што сакаат“.
„Украина ја брани нашиот народ, целиот наш народ, кој го сопре напредувањето на бескрајните колони руска техника, оние кои ги зауздуваат постојаните напади во Донбас, оние кои херојски го бранат Мариупол“, кажа Зеленски.
Додаде дека Украина ја бранат оние кои, како што оцени, „покажале дека руската авијација е беспомошна“, а дека „руските бродови можат да стигнат само до дното“, алудирајќи на оштетениот команден брод на руската Црноморска флота „Москва“ кој потона вчера.






