понеделник, 30 март 2026

Зеленски е отворен за разговори со Путин во Израел: „Русите можат да го заземат Киев само ако го срамнат со земја“

Објавено на

часот

Сподели

Бенет ја посети Москва и имал средба со Путин, а повеќе пати телефонски разговарал со Зеленски и лидерите на Франција и Германија во обидите за наоѓање решение за завршување на војната.

Зеленски кажа дека Бенет го информирал за разговорите со Путин кој ги игнорираше сите негови претходни понуди да преговараат.

Истакна дека Русите би можеле да ја заземат украинската престолнина Киев само ако ја срамнат со земја и ако сите ги потепаат.

„Дури и да доведат милион Русите тука, не можат да ја окупираат Украина“, порача Зеленски.

Украинскиот претседател повторно изрази жалење поради одбивањето на НАТО да воведе зона на забранети летови над Украина и покрај неговите постојани провокации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ