вторник, 31 март 2026

Зеленски до Швајцарците: Нашите градови ги уништуваат луѓе кои кај вас живеат во луксуз (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски преку аудио-врска им се обрати на илјадниците луѓе кои присуствуваа на антивоениот протест во Берн, и ѝ се заблагодари на Швајцарија за поддршката, но даде и јасни коментари за тоа што мисли за швајцарскиот финансиски сектор, пренесува Ројтерс.

„Во вашите банки лежат парите на луѓето кои ја започнаа оваа војна. Ако сакате да се борите против злото, замрзнете ги нивните сметки! Можете да го направите тоа“, им порача на швајцарските власти.

„Украинците чувствуваат како е кога нивните градови се уништени. А тие градови се уништуваат по налог на луѓето кои живеат во прекрасните швајцарски градови, каде што имаат недвижен имот. Би било навистина добро да им се одземе оваа привилегија“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател повика на сеопфатни мировни преговори со Москва за да се запре нејзината инвазија на Украина, велејќи дека во спротивно на Русија ќе ѝ бидат потребни „неколку генерации“ за да се опорави од загубите во војната.

Зеленски, исто така, ги критикуваше компаниите со седиште во Швајцарија кои продолжуваат да работат во Русија.

Швајцарија, која не е членка на Европската унија, целосно ги усвои санкциите на ЕУ против руски поединци и субјекти, вклучително и оние за замрзнување на нивното богатство во швајцарските банки, но не е познато дали ја донела таа одлука и кога ќе ги замрзне средствата на руските олигарси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ