Модератори на разговорот ќе бидат Симона Гајдоска, продуцент и композитор и Ангел Спироски, композитор и диригент.
Композиторот Ахо во своето творештво има дела напишани во различни стилови – од неокласицизам, до модернизам и постмодернизам.
Поради неговата „иронична“ употреба и мешањето на различни стилови и жанрови во музиката што ја пишува, тој е споредуван со Густав Малер и Алфред Шнитке.






