Олбрајт, првата жена на позицијата американски државен секретар и која се смета за идеолог на НАТО агресијата на СР Југославија, почина на 84 години од рак.
„Медлин Олбрајт, американската државна секретарка, идеологот на бомбардирањето на Белград. Почина вчера, пред годишнината на своите балкански остварувања“, напиша Захарова.
Таа напиша дека наследството на Олбрајт не е само бомбардирањето на Србите, и потсети на монструозната изјава на поранешната шефица на американската дипломатија за ирачките деца кои умреле поради санкциите.
„Во емисијата на Си-би-ес 60 минути на 12 мај 1996, водителката Лесли Стал ја праша: Слушнавме дека повеќе од половина милион деца умреле поради санкциите против Ирак. Повеќе отколку во Хирошима. Дали мислите дека е тоа оправдано? Медлин Олбрајт: Мислам дека тоа е многу тежок избор. Но мислиме дека е оправдано“.

Захарова праша дали Медлин Олбрајт била на мета на какви било санкции поради сè што направила.
„Ни под една. На Косово ѝ беше кренат споменик за убиствата на Србите. На свеченото отворање присуствуваше косовскиот „претседател“ Хашим Тачи. Поранешниот теренски командант на „Ослободителната војска на Косово“ која тргуваше со органи на убиените Срби“, наведе Захарова.
„Да разбереме на кого во овој свет му се спротивставуваме“, наведе Захарова на крајот.






