петок, 2 јануари 2026

Заемот од ММФ ќе биде со еден отсто камата, а парите за поддршка на Буџетот, рече Бесими

Објавено на

часот

Сподели

Според Бесими, оваа каматна стапка е значително пониска од онаа што моментно може да изнесува за еврообврзница за нас, меѓу 4,5 – 5,5 проценти.

Како што објасни Бесими во гостувањето на ТВ Сител, за процесирање на заемот ќе има официјално барање и мисија на ММФ во земјава.

„Се работи за барање до ММФ во однос на задолжување, а тоа е Програма за ликвидност и претпазливост. Обично оваа Програма за користи за земји со здрави економски политики, во ситуации кога има неизвесност како сегашната.

Програмата не е врзана со одреден проект, туку со неа се поддржува фискалната, макроекономската политика. Нецелосно, дел од оваа Програма се користи како претпазливост – ги имаме тие износи, но не ги користиме, туку служат за зајакнување на нашата позиција на финансиските пазари,“ рече министерот кој учествува на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон.

Тој потсети дека минатата недела ММФ не квалификува како земја која може да користи ваква линија што е, подвлече, исклучително позитивен резултат. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ