недела, 1 февруари 2026

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево, а за автобуси и на патот Шипковица – Попова Шапка

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево во двата правца е воведена  од 9:40 часот поради врнежи од снег, ссопшти „Македонија пат“. Оттаму уште информираат дека е воведена забрана за камиони и за автобуси на патниот правец Шипковица – Попова Шапка.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Како што претходно соопшти „Македонијапат“, од  9:20 часот поради врнежи од снег  воведена е забрана за сообраќај за камиони  и автобуси на патниот правец крак Шипковица – Попова Шапка, а од 5.45 часот е забранет сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот.

АМСМ и ЈП „Македонијапат“ информираа дека врнежи од снег со променлив интензитет утрово има во Крушево, на Попова Шапка, во Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ