четврток, 9 април 2026

За Велигден цената на јагнешкото можеби ќе надмине 200 денари за килограм жива мера

Објавено на

часот

Сподели

Цената на јагнето жива мера во моментов е околу 160 – 200 денари за килограм. Производителите очекуваат нејзино зголемување за претстојните велигденски празници.

„Цената на јагнешкото месо оваа година е релативно ниска, зашто сите репорматеријали и храната двојно поскапеа. Јас го продадов моето јагне од првиот турнус по 160 денари за килограм. Очекувам дека јагнешкото ќе поскапи за празниците и дека откупната цена во шпицот ќе надмине 200 денари, но ќе видиме, зашто домашниот есап на пазарот не излегува“, вели Петре Пешов, сточар од Виница кој има околу 300 грла.

„Цената на јагнето варира, но сега секој ден расте. Околу 200 денари е откупната цена во моментов. Реалната цена, ако се земат предвид производните трошоци, би била над 230 денари. Производната цена не се покрива веќе години наназад и тоа е една од причините за падот на овчарството во земјава. За велигденските празници очекуваме вкупната цена да се зголеми. Продажната цена во месарниците сега е 400 – 500 денари“, вели претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар”, Никола Георгиев.

Производителите велат дека потрошувачката на јагнешко во земјава е ниска и достигнува околу 10 000 јагниња, додека извозот е 170 000 грла годишно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ