петок, 19 декември 2025

За Спасовски отворањето на центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола е провокација и не ги подобрува односите

Објавено на

часот

Сподели

Спасовски го повтори ставот на Владата –  дека тие сакаат преку принципиелни разговори да се дојде до решение се со цел да го оствари нашиот национален интерес, а тоа е членството во ЕУ.

„Цврсто стојам на ставот дека нашата земја е никната практично од НОБ и тие придобивки ги почитувам максимално и тоа го прави секој граѓанин заради тоа што борбата против фашизмот во тоа време е придобивка која што сите ние и идните генерации мораме да ја сочуваме, да ја негуваме, тие традиции да ги негуваме се со цел да не ни се врати нешто што навистина беше погубно за целиот свет“, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Општата болница Куманово

Според него, сите политичари треба да се свртат кон иднината и кога ќе носат одлуки да ги носат за идните генерации.

„Разговор на принципиелни основи и се надевам дека ќе можеме да дојдеме до решение на прашањето“, изјави Спасовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ