недела, 21 декември 2025

За МПЦ-ОА нерелевантни се резултатите од пописот за верската определба

Објавено на

часот

Сподели

„Ова ги прави презентираните резултати конфузни, а со тоа и неточни, затоа што очигледно не ја одразуваат реалната состојба на верска припадност во земјата. Во оваа насока, пак, останува неодговорено прашањето зошто вероисповедта како опција не е дадена само кај една од религиите присутни во македонското општество, а очигледно е дека и таму постои варијантност?! Следствено, Синодот смета дека постои проблем не само во методологијата, туку можеби и некои од попишувачите недоволно ги упатувале граѓаните во можностите за изјаснување, а очигледно е дека опциите постоеле“, се вели во соопштението од Синодот на МПЦ.

Оттаму велат дека повод за сомневање во точноста на пописот е и непопишувањето на православните Македонци по светот, што веројатно беше резултат на отсуството на комуникација со нив на надлежните институции од татковината, за разлика од посетите на некои министри меѓу иселените припадници од малцинствата.

„Во оваа прилика сакаме да потсетиме дека САС на МПЦ-ОА со соопштение од 13 септември 2021, а по претходна реакција од верници, упати апел во јавноста православните христијани да се попишуваат како православни, а не само како христијани. 

Со тоа САС на МПЦ-ОА ги вреднува како нерелевантни податоците од пописот на населението, особено во делот за религиозната припадност, со заклучок за постоење на сериозна статистичка грешка, која во случајот опфаќа 13, 4 отсто од населението“, соопшти МПЦ-ОА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ