понеделник, 22 декември 2025

За 6 часа полицијата фати 913 брзи возачи во земјава

Објавено на

часот

Сподели

Од нив 67 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 494 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 419 надвор од населено место.
Само на територијата на Скопје,пак, вчера изречени се вкупно 285 мерки, меѓу кои 184 за возење повеќе од дозволената брзина, 32 за возење под дејство на алкохол, 14 за возење без возачка дозвола и десет за возач почетник.
Изречени се и пет мерки за користење мобилен телефон, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, како и четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ