Вкупниот број на жители во градот Скопје изнесува 526.502 лица и во споредба со пописот од 2002 година е зголемен за 3,9 проценти, покажува пописот кој беше спроведен во текот на минатата година.
„Бројот на домаќинства во град Скопје изнесува 171.171 и во споредба со 2002 година се забележува зголемување за 16,8 проценти“, рече Симовски и нагласи дека е зголемен и бројот на станови во Скопје кој сега изнесува 213.850 станови што е пораст во однос на 2002 година за 30,6 проценти.






