„На претседателските избори освоив меѓу 59,9 и 60,1 отсто, а Понош (кандидатот на здружената опозиција) 17,7 отсто“, рече Вучиќ во јавното обраќање.
По Никола Пашиќ, јас сум Србинот што е најдолго на власт“, рече Вучиќ.
„Се обидувам да ги сокријам солзите радосници бидејќи сум престар за да плачам“, рече тој.
Тој додаде дека „ова се бројки што не може да се променат“.
„Влијанието на украинската криза беше многу поврзано со изборите, Србија отиде десно, јас сум виновен, некои наши листи имаат нешто помалку гласови, тоа ќе го земеме предвид при формирањето на владата. Ова ви го кажувам затоа што Србија ќе мора да се определи“, рече Вучиќ.
„Верувам дека се соочуваме со многу предизвици, но најважно за Србија е да има добри односи во регионот, а не по секоја цена да им се додворува на гласачите во Србија.“
Според првите резултати, Александар Вучиќ убедливо води и се чини дека нема втор круг за претседателските избори.






