Вучиќ изрази искрена жал за ситуацијата во Украина и посочи дека Србија е „посветена на почитувањето на принципите на територијалниот интегритет и суверенитет на државите како еден од основните принципи на меѓународното право“, пренесува Н1.
Тој рече дека во таа смисла Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина, соопштија од кабинетот на Вучиќ.
Вучиќ истакна дека Србија ги обезбедила најдобрите можни услови за бегалците од Украина, како и сите права на дозволи за престој и работа. Тој вели дека тоа е обезбедено со правилата на земјите од ЕУ и дека „дури е и на повисоко ниво“. Претседателот на Србија најави дека наскоро со Толкач ќе ги посети украинските бегалци во Србија, и дека Србија ќе учествува во обновата на градовите во Украина.
Тој повтори дека Србија, во согласност со својата доследна политика, е посветена на мирно решавање на споровите. Тој рече дека во таа смисла Србија ги поддржува сите напори насочени кон преговори меѓу Украина и Русија.
Украинскиот амбасадор се заблагодари за хуманитарната и финансиската помош на Србија за загрозените цивили од Украина, пренесува Н1.






