вторник, 31 март 2026

Вучиќ: Не во НАТО, сами ќе си ги заштитиме државата и небото

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе ги чуваме нашите деца и иднината, имаме доволно војници. Нашиот интерес се мирот и компромисите, но времето на погроми и прогонства заврши“, рече Вучиќ на собирот на Српската напредна странка (СНС) во Врање.

Тој рече дека се „плаши“ од она што другите може да ѝ го донесат на Србија, но верува оти народот ќе постапи правилно на изборите.

Тој рече и дека наскоро во Врање ќе се отворат нови фабрики и ќе се реконструира здравствен дом во кој хирургијата ќе се доградува со нова опрема.

„Ќе реконструираме спортски сали, ќе изградиме затворен базен, регионален центар за управување со отпад, за што државата ќе даде пари за да обезбеди почиста Србија“, рече Вучиќ.

Тој најави дека за неколку години ќе се изгради брза пруга од Врање до Ниш, и до Скопје.

Вучиќ рече дека наскоро ќе дојде во Босилеград, каде што ќе се асфалтираат патиштата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ