понеделник, 30 март 2026

Вучиќ: Не сакам никого да плашам, но ситуацијата е сè потешка

Објавено на

часот

Сподели

„Не сакам никого да плашам, но ситуацијата не е добра ни во Украина ни тука“, кажа Вучиќ. „Кога имате ваква ситуација во светот, таман сте помислиле дека сте направиле сè на внатрешен план, сепак не сте направиле ништо, утре доаѓа нов проблем“, кажа српскиот претседател. Додаде дека не може да се каже дека ќе се живее полесно и поубаво „кога има војна во соседството“.

Коментираше дека атмосферата во општеството е таква што „сите сè знаат“ и дека постојат безброј проблеми и дека мора да се гледа во иднина бидејќи никој не гарантира колку време лошата ситуација во светот ќе потрае.

„Кога сакате да направите нешто во ваков момент, мора да сфатите дека ништо повеќе не е исто. Малку дел од луѓето се радуваат. Најавија собири – едните ја поддржуваат Украина, други Русија – наместо сите да молчат“, кажа тој, истакнувајќи дека нема да дозволи едни со други да се судрат.

Повтори дека не се знае што носи утре. „Прво дојдоа оние кои работеа со Русија и сега прашуваат како да плаќаат за овошјето и зеленчукот. Тоа создава безброј проблеми. Потоа други ви велат: Не сакаме со вас, не ѝ воведовте санкции на Русија. Тоа не се едноставни работи“, кажа Вучиќ.

Додаде дека економските, политичките и општествените последици се несогледливи. „Ова е најтешкиот конфликт за Европа и светот по Втората светска војна“.

На прашањето за заземањето став, кажа дека постои лицемерие во светот.

„Што друго да прават албанските функционери од Косово освен да пишуваат дека Вучиќ, во зградата малиот Путин, ќе го нападне Косово? Секој кој не може да се изживува на Русија се изживува на Србија. Тоа е тренд на Твитер“, кажа српскиот претседател. „Не го прават тоа функционерите на ЕУ, да бидат сосема фер. Тоа го прават други, кои сакаат да ја кочат Србија во регионот“.

Коментарот на американскиот претседател Џо Бајден дека нема да војува со Русија на украинска територија го толкува како обид за избегнување трета светска војна.

„Јас гледам сè. Ги гледам ноќе кинеските, руските, германските, француските медиуми… Американските канали кои може да се гледаат кај нас. Жестока кампања против Русите имаше многу пред војната. Единството на Западот и силата на санкциите Русите ужасно ги погодија. Погледнете ги сега руските медиуми. Посилни се во пропагандата“, коментираше претседателот на Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ