„Човечките животи не можете да ги вратите. Денес, по 23 години, најдобро се гледа колку ужасна, погрешна и противправна беше акцијата на 19 НАТО земји. Во свет во кој нема морал, вредности и принципи, ние мораме да ги зачуваме нашиот морал, нашите вредности и принципите на меѓународното јавно право. Тоа на Србија ѝ дава дополнителна сила и морална и слободарска нота која е суштината на опстанокот на нашата нација“, истакна Вучиќ.
Српскиот претседател додаде дека Русија во 1999 година била слаба под (претседателот на Руската Федерација Борис) Јелцин.
„Треба да го почитуваме моралот, но не по цена да го загрозиме сопствениот народ. Милошевиќ беше соочен со нешто што никој не би можел да го прифати“, кажа Вучиќ.
„По неколку дена јас тоа би го прекинал, со оставка или нешто, би го прекинал, многу се 78 дена“, истакна.
Наведе дека Србија знаела дека никој нема да ѝ помогне.
„Не заборавајте дека тогаш и Русија гласаше за санкции. Дали е Милошевиќ виновен? Виновен е оној кој ја нападна земјата – НАТО“, заклучи Вучиќ.






