„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден e санкциониран И.А. (68) од гостиварското село Чегране, кој со патничко возило се движел по Камениот мост во Скопје. Изречени му се мерки поради движење спротивно на сообраќаен знак, паркирање во пешачка зона и истечена важност на сообраќајна дозвола“, соопштија од МВР.
Фотографиите се земени од Твитер, каде за овој случај има многу реакции.
Провинцијалците во Скопје стануваат НЕЛУЃЕ. ✅ pic.twitter.com/b4o1OH73Zz
— ? Сиктер Апашаана ⚫ (@penkaltron_gala) April 22, 2022






