недела, 14 декември 2025
Инцидент вечерва во Аеродром

Возач се обиде да помине низ толпата што блокираше за чист воздух, полицијата го приведе

Едно лице е приведено од страна на полицијата пред крајот на протестот за чист воздух во Аеродром. Според очевидци, овој човек со своето возило се обиде да се пробие покрај полицијата и да помине низ блокадата на крстосницата на протестот што го обезбедуваше полицијата и кој секој ден се најавува во МВР.

Објавено на

часот

Сподели

За утре се најавени два протеста на крстосницата пред мостот Близнаци во Аеродром, првиот во 7.30 сабајле, а вториот во редовниот термин од 18 часот.

На денешниот протест не се маршира до Општина Аеродром, најавено е дека утре во 7.30 часот ќе се протестира на истото место, а потоа и вечерта во 18 часот.

Протестот продолжува секој ден до исполнување на барањата за решение на проблемот со депониите, сега, не пред избори. Еко активистот Горјан Јовановски апелираше на масовност и подготвеност за долготрајна борба за чист воздух.

„Да чекаме ли и понатаму да губиме по 5 илјади животи годишно во земја од само 2 милиони жители или да ги принудиме институциите да си ја работат работата“, рече тој.

                                                                                                      Фото: МКД 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ