„Специјалната операција во Украина е резултат на неспремноста на режимот во Киев да го сопре геноцидот над Русите со исполнување на своите обврски кон меѓународните партнери. Очигледна е и желбата на државите членки на НАТО да ја искористат територијата на соседната држава за воспоставување бази во борбата против Русија“, кажа Антонов.
Тој во разговорот за американски Њузвик оцени дека западните земји се директно вклучени во настаните во Украина бидејќи и понатаму го снабдуваат Киев со оружје и на тој начин го поттикнуваат на понатамошни конфликти.
Рускиот амбасадор истакна дека таквите постапки се опасни и провокативни бидејќи, како што наведе, се насочени против Русија. Тој истакна дека тоа би можело да доведе до директен воен судир меѓу Соединетите Американски Држави и Русија.
Антонов го повтори ставот на Москва дека сите конвои со оружје и воена опрема на територијата на Украина кои пристигнуваат од Западот се легитимна мета на руските оружени сили.






