За жал, вели Сали, интересот за вакцинација е опаднат, меѓутоа паралелно со тоа е опаднат и бројот на новоинфицирани, што од друга страна е позитивна вест.
„Тоа не значи дека и во иднина ќе биде така. Ние треба да бидеме подготвени како институции за соочување со каков било предизвик од коронавирусот“, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Општата болница Куманово по повод реализираниот проект за гасификација на оваа јавна здравствена установа.






