среда, 1 април 2026

Во Унгарија камион удрил во воз и го исфрлил од шините. Седуммина мртви (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

„Спасувачките напори се во тек, така што не можеме да зборуваме за точниот број на загинати“, изјави портпаролот на полицијата за Ројтерс.

Несреќата се случила на преминот во Миндзент во близина на унгарско-српската граница нешто пред седум часот по средноевропско време.

Од судирот возот излетал од шините и паднал во канал. Полицијата го затворила патот за спасувачите и инспекторите да можат да работат, а на местото на несреќата е испратен хеликоптер на брза помош.

Државната железничка компанија соопшти дека од шините излетал вагон со 22 патници. Возилото тргнало да преминува преку шините игнорирајќи го црвеното светло, додаваат од компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ