Идниот премиер Роберт Голоб денес дистрибутерите на нафтените деривати го обвини за картелско договарање при зголемувањето на малопродажните цени, што го овозможила владата во заминување на Јанез Јанша, која, според Голоб, од политички причини не ги продолжи лимитираните цени кои беа на сила до средината на март.
Владата на Јанша со одлуката за прекин на регулираните цени на горивата се одмаздува за поразот на изборите, им кажа Голоб на новинарите.
Тој изрази огорчување од одлуката на дистрибутерите кои веднаш штом станало јасно дека владата на Јанша нема да продолжи со ограничувањето на цените на горивата, побрзале со големо поскапување, при што разликите во цените меѓу дистрибутерите се минимални, што сугерира дека се договарале.
Голоб се закани дека неговата партија, ако таквиот тренд продолжи, ќе ја повика Агенцијата за пазарна конкуренција да преземе мерки против таквото однесување на пазарот.
Голоб кој го влегувањето во политиката со години како електроинженер и експерт за енергетика водел големи претпријатија, во својата кампања пред изборите истакнуваше дека зауздувањето на поскапувањето на енергенсите во енергетската криза која се очекува на есен, ќе биде еден од приоритетите на неговата влада.






