Како што информира МВР, во вчерашната акција се изречени пет мерки за користење мобилен телефон, три мерки за минување на затворен сигнал, црвено светло, 11 санкции за нерегистрирани возила, седум санкции за управување под дејство на алкохол…
Од Министерството најавуваат дека продолжуваат засилените акциски контроли и апелираат до граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.






