„Притоа, лишени од слобода биле Л.А. (32), С.М. (24), Ш.К. (30), Џ.С. (30) и И.М. (33), сите од Скопје, кои биле затекнати заедно со своите малолетни деца при питачење на улици, булевари и пред верски објекти на подрачјето на Скопје. Со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик“, информираат од МВР.