
Изречени се и седум мерки за користење мобилен телефон, 12 за прекршоци што ги прават пешаците, осум за управување под дејство на алкохол, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), како и осум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.






