вторник, 31 март 2026

Во северна Европа се водат вежби на НАТО, Москва не е среќна поради тоа

Објавено на

часот

Сподели

Иако нема знаци дека Русија размислува за воени потези против Норвешка, инвазијата на Украина, која уништи стотици згради и уби многу цивили, ја зголеми вознемиреноста во регионот.

„Чувството е малку пореално“, изјави еден пилот за Ројтерс во вежбата, која трае до првата недела на април и обединува околу 30.000 војници од 27 земји.

Претходната вежба беше откажана поради коронавирусот, а последен пат вежбата беше одржана во 2018 година.

Односите меѓу Норвешка и Русија, кои ја делат арктичката граница, постепено се подобруваа во периодот по Студената војна, пред да заладат откако Москва го анектираше Крим во 2014 година.

Ова предизвика тензии на северот од двете страни на границата и зголемени воени маневри.

Дури и пред инвазијата, за која рускиот претседател Владимир Путин вели дека е „специјална воена операција“, Москва го обвинуваше НАТО дека ја дестабилизира европската безбедност со големи воени вежби и ја зголемува својата војска на источното крило на алијансата.

Во петокот вежбата беше накратко прекината бидејќи штабот го координираше одговорот на вистинската авионска несреќа во која загинаа сите четворица американски маринци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ