„Лучија од Ламермур“ е трагична опера напишана во два чина. Салваторе Камарано го пишува либретото според новелата на Сер Волтер Скот „Невестата од Ламермур“.
Диригент на оваа психолошки фасцинантна опера е Иван Еминовиќ, режисер и сценограф е Лев Пулиезе од Италија, а костимограф Марија Пупучевска, концерт мајстор Верица Ламбевска.
Во насловната улога ќе настапи Наде Талевска, во улогата на Енрико Ристе Велков, Едгардо – Благој Нацоски, Артуро – Никола Стојчески, Рајмондо – Алесандро Абис (Италија), Ализа – Соња Пендовска Мадевска, Нормано – Дејан Стоев.
Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.






