среда, 7 мај 2025
Беззаконието во Националниот парк продолжува

Во Маврово нема кој да урива дивоградби, и со решение за уривање под хотелот Радика продолжува изградбата на 9 куќи

На 15 септември издадено е решението за уривање на 9 куќи што се градат под хотелот Радика во село Леуново, Маврово. Инвеститорот Радика резорт имаше рок од 15 дена тоа сам да го стори. Поминаа 15 дена, поминаа 30 дена, поминаа 48 дена… Во решението на општинските служби за урбанизам пишува дека „ако градбата не се отстрани во определениот рок, ќе се пристапи кон присилно административно извршување на решението“. Без рок за пристапување… Деновиве инвеститорот си продолжи со градежните активности.

Објавено на

часот

Сподели

И додека се чека кон пристапување кон извршување на решението, околу дивоградбите под хотелот Радика повторно е ангажирана градежната механизација, работници, ама не за уривање, туку за продолжување на градбата.

 

Никој од општинските власти во меѓувреме не ја известил јавноста дека решението веќе не важи, дека нешто згрешил раководителот на одделението за инспкциски надзор и овластен градежен инспектор на Општина Маврово Ростуше Ќирко Џуковски, дека се смениле границите и котите за градба според нивото на езерото на Електрани на Северна Македонија…

Да не заборавиме и тоа дека за овој случај Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар на 5 октомври поднесе кривична пријава против две физички лица во својство на управители во правниот субјект ДТТУ Радика резорт ДООЕЛ увоз-извоз. А три дена потоа и поднесена е и трета кривична пријава за дивоградбите во Леуново против Ш.Р. (42) од Косово, поради сомневање за сторено кривично дело бесправна градба. И пак никому ништо.

 

Ова е само една од причините зошто жителите на месните заедници и сопствениците на викендици околу Мавровското Езеро веќе подолг период регираат до надлежните институции, поднесуваат жалби, претставки, а за в сабота поради незаинтересираноста на надлежните институции да се спротивстават на ова дивеење закажаа протест и најавуваат и други активности.

А.Д.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ