сабота, 24 мај 2025
Статистика

Во март помалку домашни, а повеќе странски туристи

Во земјава во март годинава се евидентирани 70.902 туристи, од кои 22 % биле домашни, а 78 % странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Бројот на ноќевањата во март 2025 година изнесувал 132.015, од кои 28% се од домашните, а 72 % од странските туристи.

Во периодот јануари – март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10,6 %. Кај домашните туристи има намалување за  9,2 %, а кај странските зголемување за 21,9 %.

Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 9,1 %, така што кај домашните туристи има намалување за 7,8 %, а кај странските зголемување за 21,7 %.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ