Рангник нема да биде тренер следната сезона, но тој ќе остане во клубот во улога на спортски директор, па најави голем ремонт во тимот по вчерашното понижување.
„Срамен, разочарувачки, дури можеби и понижувачки пораз. Треба да прифатиме дека Ливерпул е шест години пред нас во моментов“, вели Рангник по мечот.
„Кога Јирген Клоп дојде таму тие го променија клубот и го кренаа не само тимот, туки и клубот и градот на ново ниво. Тоа треба да ни се случи и нас во следните преодни рокови“.
„Јасно е дека ќе има шест, седум, осум, можеби и десет нови фудбалери. Но пред да потпишете со тие фудбалери треба да знаете како сакате да играте“.
Пол Погба, Џеси Лингард и Немања Матиќ се тројца од фудбалерите кои сигурно ќе го напуштат клубот бидејќи им истекува договорот, а се очекува заминување и на други фудбалери.






