недела, 21 декември 2025

Во Македонија досега ниту еден украински граѓанин не побарал статус на бегалец

Објавено на

часот

Сподели

Според него, досега нема лица кои побарале статус на бегалец и сите кои доаѓаат се сместуваат кај роднини или пријатели.

„Северна Македонија не е на рутата на бегалци од војната во Украина на начин каков што гледавме претходните години во однос на бегалската криза од војната во Сирија. Независно од тоа Владата презема конкретни чекори и беа задолжени министерствата за труд и социјална политика, за здравство, за финансии, за надворешни и за внатрешни работи да преземат мерки за организирано прифаќање на евентуални бегалци и нивно сместување. Министерството за финансии беше задолжено да обезбеди 120 милиони денари за хотелско сместување и дополнителни услуги за граѓани на Украина кои би дошле во Северна Македонија. Досега според последните информации нема лица кои побарале статус на бегалец. Сите оние кои доаѓаат се сместуваат кај роднини и кај пријатели“, рече Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ