На свечената академија беше прикажан документарен филм за „Јехона е Карадакут“, беа доделени награди и благодарници на поетите-учесници на културната манифестација.
„Општина Куманово ги поддржува традиционалните културни настани, кои се олицетворение на различни етнички заедници, со цел да го сочуваме културното богатство“, информираше кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Ова е едно од првите невладини здруженија во државата од нејзиното осамостојување, клубот активно е вклучен во културниот живот во Куманово, презентирајќи ја својата култура и традиција в градот, но и надвор од границите од државата. Досега клубот има издадено 60 броја на списанието „Дорунтина“, како и голем број објавени дела во рамките на издавачката дејност.






