сабота, 31 јануари 2026

Во Истанбул наврна толку многу снег што низ градот може да се помине само на скии (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во некои делови на Истанбул паднале повеќе од 80 сантиметри снег, поради што од синоќа спасувачките и градските служби се на улиците.

На социјалните мрежи се објавени бројни снимки од завеаниот град и колапсот. На една од нив се гледа момче како со скии се движи низ завеана улица.

Летовите од аеродромот во Истанбул втор ден по ред се сопрени, а на приватните возила им е забрането излегување на градските улици.

Снимките од аеродромот, кој е меѓу најголемите во светот, покажуваат писти покриени со дебела снежна покривка со едвај видливи авиони и возила.

Аеродромот Истанбул на интернет објави дека летовите се сопрени до денес до 13:00 часот по локално време поради неповолни временски услови, а авиокомпанијата Туркиш ерлајнс соопшти вчера дека ги откажува сите летови од аеродромот.

Далеку на југот на Турција, снег падна на плажите на Анталија и тоа за првпат по 29 години.

Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу изјави дека 55.000 тони сол се фрлени на патиштата и ги повика граѓаните да го исчистат снегот пред куќите и продавниците за да им помогнат на тимовите за итна помош.

Низ цела Турција околу 4.600 луѓе биле заробени на патиштата, а повеќе илјади луѓе се сместени во привремени сместувања, соопшти националната управа за катастрофи и вонредни ситуации.

[video:https://youtu.be/Qf0A4tOmPy0 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ