На изборите се одлучува дали актуелниот проевропски претседател Емануел Макрон ќе ја задржи функцијата во Елисејската палата или ќе биде заменет од кандидатката на десницата Марин Ле Пен.
Неодамнешните истражувања на јавното мислење покажуваат дека Макрон има блага предност пред Ле Пен.
За новиот претседател одлучуваат скоро 49 милиони гласачи, а се проценува дека излезноста би можела да биде околу 72 проценти.
Аналитичарите потврдуваат дека Марин Ле Пен сè уште не е популарна меѓу француските гласачи и покрај обидите да се ублажи екстремно десничарскиот имиџ на нејзината партија.
Сепак, не може да се исклучи ниту изненадувачката победа на Ле Пен, со оглед на големиот број неопределени гласачи или оние кои во последен момент ќе се одлучат да излезат на нивните гласачки места и да гласаат за новиот претседател.
Победата на Ле Пен би била еднаква на политички земјотрес, пренесе Ројтерс.






