понеделник, 30 март 2026

Во Бугарија огромни редици за масло за јадење (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Промотивната цена по која сакал да го купи маслото била 2,99 лева (1,52 евра) за шише масло.

Редот бил долга 500 до 600 метри. По долгото чекање, човекот починал кога конечно стигнал до палетите со масло за јадење, пренесува бугарскиот медиум. Итната помош дошла на лице место и ја утврдила смртта.

Локалците се огорчени што мораат да чекаат со часови за да купат масло во продавниците. Ситуацијата е слична пред сите големи продавници во Бургас.

„Човекот почина во продавницата. Го туркаа и му се слоши. Ова е лудо. Луѓето велат дека паднал и починал. Редот беше огромен“, кажала жена која купувала во маркетот.

[video:https://youtu.be/ladKCI3ab8I autoplay:0]

И пред другите супермаркети во другите градови во Бугарија има редици, а некои продавници во престолнината Софија веќе воведуваат ограничувања на купување масло поради масовното правење залихи, кое предизвика раст на цената на дури 5,5-6,5 лева за литар.

Само во изминатата недела, цената на сончогледовото масло скокнала за 1,5-2 лева, во некои случаи и повеќе, пишува Новините.

[video:https://youtu.be/g4vj0wOdnSE autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ