„Бродот потона во туниските територијални води. Засега нема истекување гориво“, изјави Мохамед Кари. Тој додаде дека комисија за спречување катастрофи ќе се состане и ќе одлучи какви мерки да преземе. Бродот во петокот побарал влез во територијалните води на Тунис поради лошите временски услови, соопшти Министерството за животна средина.
Бродот e изграден во 1977 година и пловел под знамето на Екваторијална Гвинеја, испловил од египетското пристаниште Дамиета за Малта. На околу седум километри од Габешкиот залив, водата почнала да навлегува во бродот, а машинската соба набрзо била поплавена бидејќи нивото на водата достигнало два метри.
Туниските власти евакуираа седум членови на екипажот, капетан на грузиски брод, четворица турски морнари и двајца од Азербејџан. Екипажот бил накратко задржан во болница, а потоа сместен во хотел.
Министерството за животна средина предупреди дека постои ризик од истекување на гориво во морето и дека министерствата за одбрана, внатрешни работи, транспорт и царина работат на спречување на можна „поморска еколошка катастрофа во областа“.






