„СДСМ крие дека Зечевиќ бил позитивен и ширел зараза во Охрид! СДСМ додека ја замајува и лаже јавноста за охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, нивниот генерален секретар Миле Зечевиќ на 19-ти во Охрид за време на Водици, без заштита, без маска ширеше корона меѓу охриѓани. Зечевиќ и официјално е позитивен на корона вирусот од 20 јануари, што значи дека претходниот ден ширел корона меѓу охриѓани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата преку соопштение ја повика директорката на центарот за јавно да го осуди, како што е нагласено, за неодговорното постапување на Зечевиќ.
„Да се оттргне од партиските канџи на СДСМ и наместо како портпаролка на власта нека постапи совесно и нека побара кривична пријава за Зечевиќ“, пишува во соопштението и се додава дека „СДСМ напаѓајќи го и фингирајќи случај против градоначалникот Кирил Пецаков само докажува дека се неспособни да се справат со короната која однесе над 8 илјади животи“.






