четврток, 1 јануари 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Сто дена Влада, сто дена порази

Објавено на

часот

Сподели

„Сто дена Влада, една милијарда задолжување. Ова се пари кои оваа влада ќе ги позајми за одржување на ликвидност, затоа што економијата пропаѓа од нивните лоши политики.

Сто дена Влада, еден обид за криење на убиство, украдено оружје од полициска станица во Охрид, украдено масло од марихуана вредни над два милиони евра од објект со десетици камери.

Сто дена Влада, отворање на клуб „Ванчо Михајлов“, со профашистички тенденции.

Сто дена Влада, сто дена порази.

Сто дена Влада и пет години СДСМ, 100% поскап леб, брашно, зејтин, 70% поскапи горива, 30% поскапа струја, 15% поскапо парно греење, а платите не се зголемија ниту еднаш.

Сто дена Влада и пет години СДСМ, криминал и корупција во врвот на власта. Се бараа провизии за вакцини, тендери се местеа за блиски од власта, РЕК Битола се остави без јаглен на почеток на грејна сезона.

Вице Заев се бришеше од кривични пријави, Рашковски местеше тендери, Ден Дончев ставаше туциња пари во торба, Мухамед Зекири делеше милиони без тендерска постапка, и додека се ова се случуваше Љупчо Николовски се фалеше дека запленил две кутии путер со истечен рок на употреба.

Не смее да се заборави дека ненадмината лага за овие пет години е вработување на 300 пилоти ветено во Арачиново лично од Зоран Заев и Оливер Спасовски.

Пет години СДСМ, пет години како земјоделците мака мачат да го продадат произведеното.

Пет години СДСМ, пет години лаги дека само што не сме добиле датум за преговори, пет години разочарувања и обезличувања“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ